Поврзете се со нас

Македонија

Алексовски успешно опериран, Шкупи покажа дека е голем клуб и му го продолжи договорот

Објавено

на

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Игор Алексовски имаше успешна операција на коленото и сега го очекува долг процес на рехабилитација и закрепнување.

Во тој процес голманот ќе има максимална поддршка од неговиот клуб Шкупи кој покажа голема, доблест и ја продолжи соработката со Алексовски.

-Добро се чувствувам, операцијата беше успешна, им благодарам на сите за поддршката. Иако договорот ми истекуваше, Шкупи покажа дека е голем клуб со понудата за нов договор, јас сум многу благодарен. Се надевам ќе можам да вратам на најдобар можен начин кога ќе се вратам на теренот, -истакна Алексовски.

Според првичните најави Игор треба да се врати на терените наредната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни