Поврзете се со нас

Македонија

Алексовски: Шкупи не е непобедлив, веруваме дека можеме да ја оствариме целта

Објавено

на

foto:www.fkrabotnicki.com

Утре се играат натпреварите од четвртфиналето на Купот на Македонија, а една од пресметките е онаа меѓу Работнички и Шкупи.

Шкупи е најдобрата екипа во досегашниот дел на оваа сезона во ПМФЛ, но Купот е специфично натпреварување и „романтичарите“ веруваат дека имаат се што им е потребно за да се пласираат во следната фаза.

-Купот е специфичен, победник мора да има и во еден натпревар нема многу простор за грешки. Свесни сме за тоа, знаеме и дека против себе имаме квалитетен тим каков што е Шкупи, но сигурно дека не се и непобедливи. На почетокот на првенството ги победивме токму на „Борис Трајковски“, а потоа загубивме на Чаир. Ќе биде тешко, но максимално сме фокусирани и мотивирани и веруваме дека можеме да ја оствариме целта. Во Купот е важно да одиш во следната рунда и сигурно дека ќе сториме сѐ да стигнеме до полуфиналето, -порача голманот Игор Алексовски за официјалниот веб сајт на клубот.

Средбата е закажана за 13 часот, а ќе ја суди Крумислав Ѓоргиев од Штип.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни