Македонија
Алексовски го продолжи договорот со Работнички, Тиквеш се засили со напаѓач од Хрватска
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2023/11/igor-aleksovski-7-11.jpg)
Игор Алексовски и во наредниов период ќе го носи дресот на македонскиот фудбалски прволигаш Работнички.
Клубот од Дебар Маало ја информира јавноста дека со Алексовски е постигнат договор тој да остане во сегашната средина најмалку до крајот на натпреварувачката 2024/2025. Игор е македонски репрезентативец кој во досегашната кариера има настапувано за повеќе клубови на нашата сцена како Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Шкупи, Ренова, па неговото останување е супер вест за „романтичарите“ кои се во врвот на ПМФЛ и ќе имаат што да кажат во борбата за титулата.
Кога се во прашање нашите прволигаши, ГФК Тиквеш 1930 се пофали со потписот на 32-годишниот Филип Михаљевиќ.
Се работи за напаѓач на кого последен клуб му бил Габела од БиХ, а нив фудбалското патување освен на Балканот каде бил активен и во својата татковина, Хрватот настапувал во Бугарија, Полска, Камбоџа, Италија и Република Ирска. Претходно тимот од Кавадарци ги доведе Филип Купанов, Рушту Јонус, Арби Воша и Даниел Миловановиќ.
-
Светски првенства15 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП13 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Шпанија23 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Германија12 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал