Поврзете се со нас

Одбојка

Алексов и Ричлиев потпиша нови договори со Џио Струмица

Објавено

на

Стефан Алексов и Костадин Ричлиев ја обновија соработката со екипата на Џио Струмица.

Ова е последниот потег на клубот од Струмица кој е навистина активен во изминатиов период во градење на што подобра, поконкурентна екипа која ќе може да донесе добри резултати и титули на домашната сцена, но и секако достоинствен настап на меѓународната сцена.

Алексов кој лани дојде од УГД ШТИП ќе ја промени позицијата во нареднава сезона и наместо како среден блокер ќе игра коректор. Ричлиев од страна е либеро кое ја продолжува соработката со шампионскиот тим, а воедно тренерски ќе ја помага работата во младите категории.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни