Поврзете се со нас

Италија

Алексис го облече дресот на Удинезе во Серија А после 13 години (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Udinese_1896

Алексис Санчез со голем ентузијазам се врати во Удинезе после 13 години и повторно го облече „црно-белиот“ дрес, но мораше да почека неколку месеци за своето второ деби на „Фриули“.

Искусниот чилеански фудбалер заработи посериозна повреда на стартот на подготовките, па после речиси пет месеци во аут, се стави на располагање на првито тим.

Алексис денеска првпат заигра во Серија А во дресот на Удинезе по пауза од 13 години, но иако неговиот тим беше во позитивна ситуација, на крајот мораше да се задоволи само со реми.

Домашниот состав водеше со 2:0 во пресметката со Торино, но гостите се вратија и успеаја да си заминат со бод од „Фриули“.

Алексис влезе во игра во 80-та минута, па останува да се види дали ќе биде големо засилување за тимот во вториот дел од сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни