Поврзете се со нас

Англија

Александер-Арнолд: Тоа е машина која е составена да победува!

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Овој викенд се игра големото англиски дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, два тима кои заедно со Арсенал ќе водат жестока битка за трофејот во Премиер лигата.

Ваквите дуели на крајот можат да се покажат како пресудни во ваква трка која е тесна, блиска, па пред соочувањето на „Енфилд Роуд“, дефанзивецот Трент Александер-Арнолд испрати провокација до „граѓаните“, потег кој сигурно ќе му даде дополнителна жар на дербито.

Трент говореше за финансиите и притоа посочи дека нивните освоени трофеи во ова време се позначани од оние на Сити.

-Тешко е. Ние се соочуваме со машина која е направена да победува – тоа е наједноставниот начин да се опише Сити и нивната организација. Гледајќи наназад во оваа ера, иако тие освоија повеќе титули од нас и веројатно беа поуспешни, нашите трофеите ќе ни значат повеќе нам и на нашите навивачи поради ситуациите во двата клуба, финансиски. Како ивата клуба ги изградија своите тимови и начинот на кој го направивме тоа, веројатно им значи повеќе на нашите навивачи, -порача Англичанецот.

Дербито во недела се игра во терминот 16:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни