Англија
Александер-Арнолд избегнал сериозна повреда, но ќе пропушти неколку натпревари

Повредата на Трент Александер-Арнолд заработена на дуелот со Борнмут беше причина за загриженост во редовите на Ливерпул, но лекарскиот тим на „црвените“ испорачал позитивни вести за стручниот штаб.
Англискиот репрезентативец избегнал посериозна повреда и подолга принудна пауза, па останува достапен за менаџерот Арне Слот и наредниов период.
Најавите на медиумите на островот се дека Слот нема да ризикува со десниот бек и ќе го одмори за претстојните куп натпревари.
Александер-Арнолд веројатно ќе го пропушти дуелот во Карабао купот со Тотенхем во четврток, како и тој против Плимут во ФА купот планиран за претстојниот викенд.
Реално е искусниот фудбалер да се врати во составот за градското дерби со Евертон кое ќе се игра на 12. февруари.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет23 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига22 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија12 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Англија21 час
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед