Поврзете се со нас

Англија

Александер-Арнолд го информирал Ливерпул за својата следна дестинација

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Трент Александер-Арнолд е една од трите ѕвезди на Ливерпул чии договори истекуваат претстојново лето, а по се изгледа дека тој има најмали шанси да донесе одлука за останување на „Енфилд“.

Англискиот репрезентативец освои важни трофеи со „црвените“, сезонава може да биде крунисана со уште некој дополнителен успех, но тој веќе размислува за следниот чекор во кариерата.

Шпанска „Марка“ тврди дека Александер-Арнолд веќе го информирал раководството на Ливерпул дека нема да го продолжи договорот, односно дека планира да ја прифати понудата на Реал Мадрид.

Бекот на Ливерпул е поласкан и привлечен од интересот на шпанскиот великан, а во таа насока го води и неговиот голем пријател Џуд Белингам, кој сигурно работи на случајот во убедувањето на колегата од националниот тим за преселба во Шпанија.

Од почетокот на јануари, Александер-Арнолд има право да преговара со било кој клуб, па Реал ќе чека позитивен сигнал од неговите агенти за да ја заврши работата неколку месеци пред реализација на трансферот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни