Италија
Алекс Сандро се врати во татковината
Досегашниот играч на Јувентус Алекс Сандро потпиша договор со Фламенго до декември 2026 година.
„Тој има десетици трофеи на своето резиме и сега има само една цел – да освои повеќе во црвено-црниот дрес. Добредојден Сандро“, објави Фламенго.
Сандро (33) во бразилскиот клуб дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Јувентус.
Поранешниот бразилски репрезентативец ја започна својата кариера во својата татковина во Атлетико Паранаенсе, и играше две сезони во Сантос заедно со Нејмар (2010, 2011), пред да се пресели во Порто.
По четири години минати во Порто, во 2015 година потпиша за Јувентус, за кој одигра 327 натпревари и постигна 16 голови. Со црно-белите освои 12 трофеи од кои шест шампионски титули.
За бразилската репрезентација играше од 2011 до 2022 година и постигна два гола на 40 натпревари.
Фламенго моментално е четврти во бразилскиот шампионат и се пласираше во четвртфиналето на Копа Либертадорес.
-
АТПпред 22 часа
Федерер: Тешко е да се зборува за Надал, Ѓоковиќ сигурно…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Пелистер немоќен против „лисиците“ од Берлин
-
Лига на шампионипред 22 часа
Газанига му подари победа на ПСЖ, Сити немаше решение за Интер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Куртоа го откри најголемиот лутко во Реал: Ако погрешите три паса, ви вели да заиграте за противничкиот тим
-
Италијапред 14 часа
Барела: Докажавме дека сме на исто ниво со Сити
-
Лига на шампионипред 30 минути
Звезда поразена од Бенфика, „фармацевтите танцуваа“ во Ротердам (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Вирална сцена: Реакцијата на Мбапе кога виде дека не добива топка од Ендрик (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Гути со уникатна анализа: Објасни зошто актуелниот тим на Реал е подобар од „Галактикос“