Поврзете се со нас

Италија

Алекс Сандро се ослободи од коронавирусот, сега Буфон е пред суспензија

Објавено

на

blank

Јувентус вечерва официјално објави дека Алекс Сандро добил негативен тест на коронавирусот и може да им се приклучи на своите соиграчи на тренинзите, но и натпреварите.

Бразилецот имаше позитивни тестови повеќе од 20 дена, а беше првиот од тројцата фудбалери на Јувентус кои за краток период се заразија со ковид-19.

На Сандро му требаше најмногу време да се рехабилитира, додека Хуан Куадрадо и Матијс де Лихт веќе забележаа и настапи во дресот на „бјанконерите“.

Нејасно е дали левиот бек е во состојба да настапи на утрешниот куп натпревар против СПАЛ, на кој би можел да започне да ја враќа формата, но тренерот Андреа Пирло ќе може да смета на неговите услуги наредниот период.

Јувентус денеска се соочи со друг проблем, кој сепак не е толку сериозен, а се однесува на можната суспензија на Џиџи Буфон.

Искусниот голман беше уловен како употребува пцовка со религиска содржина за време на дуелот со Парма, па сега федерацијата официјално го предаде случајот на дисциплинската комисија. Ако таа потврди дека Буфон заслужува казна, веројатно ќе му додели суспензија на еден натпревар.

Затоа, за 42-годишниот голман нема пречка да го чува голот на Јувентус на утрешниот натпревар против СПАЛ, нешто што веќе го најави и Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни