Поврзете се со нас

Англија

Алекс Фергусон за Супер лигата: Уништување на долга традиција

Објавено

на

Легендарниот Алекс Фергусон јасно го кажа своето мислење за најавената фудбалска Супер лига, тврдејќи дека со тој потег се уништува традиција долга со децении.

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед вели дека не е вклучен во носењето одлуки на „црвените ѓаволи“, но не му се допаднала најавата за натпреварување кое ќе и наштети на Лигата на шампионите.

– Зборувањето за Супер лига е нарушување на европска фудбалска историја долга 70 години.

– Зборувајќи како поранешен фудбалер на провинциски клуб како Данфермлајн во 60-те и како поранешен менаџер на Абердин кој во 70-те го освои Купот на победниците на куповите, тоа беше како поместување на Монт Еверест.

– Евертон инвестира 500 милиони фунти во нов стадион за да игра во Лигата на шампионите, навивачите го обожуваат ова натпреварување, во мое време, Јунајтед четири пати играше во финалето и секогаш тоа беше специјална вечер, – изјавил Фергусон кој не можел да потврди дали навистина Манчестер Јунајтед е вклучен во проектот.

Според добро упатените извори на медиумите, не само Јунајтед, туку од Англија би требало да учествуваат дури шест клубови, а УЕФА и ФИФА се заканија со ригорозни казни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни