Поврзете се со нас

Англија

Алекс Фергусон и неговите најверни играчи: Moќен тим во формација 4-4-2

Објавено

на

Сер Алекс Фергусон е стратег кој остави голема трага во Манчестер Јунајтед, во британскиот, европскиот и светскиот фудбал.

Причината за тоа дефинитивно е фантастичното патување како менаџер пред се во Манчестер Јунајтед каде беше од 1986 до 2013 година, период во кој клубот освои 13 лигашки трофеи, два пехари во Лигата на шампионите и уште многу други титули во преостанатите натпреварувања.

Поради ова името на Алекс Фергусон со големи букви ќе биде запишано во фудбалската историја, а особено засекогаш ќе остане врежан во срцата на фановите на Манчестер Јунајтед.

Во чест на Ферги реномираниот „Мирор“ направи, состави еден интересен тим и тоа од играчите кои стратегот низ кариерата најмногу ги користел, најмногу ги верувал, па така во формацијата 4-4-2 се најдоа:

Голман: Питер Шмајхел

Одбрана: Гери Невил, Денис Ирвин, Гери Палистер, Рио Фердинанд

Средина: Рајан Гигс, Дејвид Бекам, Рој Кин и Пол Сколс.

Напад: Вејн Руни и Брајан MекКлер

Клупа: Ван Дер Сар, Брус, Силвестре, О’Ши, Фил Невил, Бат, Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни