Поврзете се со нас

Италија

Алегри застана во одбрана на најкритикуваниот играч на Јувентус: Челси е друго ниво во овој момент

Објавено

на

Федерико Киеза според многумина е најталентираниот играч во Јувентус и фудбалер со најголем потенцијал, па токму поради тоа, италијанските медиуми не штедат критики за последните потпросечни изданија и се најде на удар во јавноста по срамниот пораз кој го претрпе тимот од Челси.

Потопот од 4:0 на „Стемфорд Бриџ“ негативно се одразува врз самодовербата на играчите и врз самиот имиџ на клубот, а бидејќи Киеза нема никаков учинок за Јувентус на последните седум меча, новинарите побараа мислење од тренерот Алегри за загрижувачката форма на младиот офанзивен фудбалер.

Киеза доби оценка 5 од „Кориере дело Спорт“ за изданието против Челси, додека „Газета“ и „Тутоспорт“ му доделија само 4-ка за сивилото во Лондон.

– Сакам да нагласам дека Киеза одигра одличен меч кога го победивме Лацио во домашното првенство, се најде во добри ситуации и имаше неколку шанси.

– Тој може да служи како уништувач за противниците на отворен простор, но Челси е друга димензија, тоа беше друга приказна. Челси е на друго ниво во овој момент. Федерико има извонредни квалитети, треба само да продолжи напорно да работи и да напредува како сите останати во тимот. Јас како тренер му верувам и сум презадоволен од тоа како се однесува, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни