Поврзете се со нас

Италија

Алегри за Јувентус и борбата за Скудетото: Сите мора да имаме амбиција…

Објавено

на

Екипата на Јувентус утре се соочува со Монца во рамките на 14. коло во Серија А, противник од кого „старата дама“ загуби двапати во претходната кампања.

Токму поради ова се внимателни во таборот на „бјанконерите“ кои воопшто не го потценуваат противникот кој во актуелнава кампања има само три порази.

-Монца е единствената екипа која лани ни зема шест бода и против која никогаш не постигнавме гол. Мора да се надоврземе на ремито со Интер, -истакна тренерот Макс Алегри кој на располагање ќе ги има Данило и Алекс Сандро, додека по знак прашалник е Локатели.

Јуве е на второто место на табелата, па Макс беше запрашан дали би бил задоволен ако оваа календарска година се заврши на сегашната позиција.

-Да се зборува за тоа што ќе се случи на 30 декември нема смисла. Ајде да размислиме за Монца на мојот пријател Галијани, кој се потврдува како менаџер од највисока вредност, имав многу среќа да работам со него и имав одличен однос, -порача стратагот.

Во однос на тоа дали размислувал за освојување на Скудетото, предводникот на калчолигашот одговори:

-Никогаш не влегувам во соблекувалната на тимот затоа што е свето. Сите мора да имаме амбиција да посакаме нешто важно, но сега најважен е натпреварот во Монца. На клубот му беше тешко да биде надвор од Лигата на шампионите оваа година, па мораме да размислиме за тоа, -заклучи Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни