Алегри за ѕвездата која не добива никаква минутажа од Сари: Тој е специјален играч и моето најголемо постигнување!

maks-sari

Масимилијано Алегри одработи опширно интервју со познатиот полски весник „Шеглад Спортови“, разговор од кој првично се издвои изјавата за учењето на англиски јазик во ситуација кога на големо се шпекулира за негов премин во Премиер лигата, или поточно во Манчестер Јунајтед.

Италијанскиот стручњак со својата изјава додаде масло на огнот, но од друга страна пак, се одлучи да даде коментар и за играчот кој брилјираше под негово водство во Јувентус, а сега нема одиграно ниту една минута во системот на Маурицио Сари. Секако, станува збор за Марио Манџукиќ, напаѓач кој беше навистина многу важен во тактиката на Алегри, а и играч кој самиот Макс го нарекува специјален.

– Марио е пример за специјален играч, тој ми даде огромен простор за маневар во тимот и секогаш одговараше позитивно на моите барања. Тој често менуваше тимови, но сега е веќе петта сезона во Јувентус, а тоа е едно од моите најголеми достигнувања во Јуве, – признава Алегри кој се наврати и на деновите кога го презема италијанскиот великан.

– Сакам да се предизвикувам самиот себе, кога пристигнав во Јуве после успешниот период на Конте, многумина сметаа дека ќе изгорам. Јас сакам да учам од секого, па тоа го правевме заедно со играчите и добивме една убава приказна, – додава Макс.

 

Facebook Коментари