Поврзете се со нас

Италија

Алегри во свој стил го искоментирал колапсот на Сити: Модата поминува…

Објавено

на

Масимилијано Алегри денеска одржал прес-конференција во пресрет на дуелот меѓу Џенова и Јувентус, а и тој не можел да ја избегне темата Реал Мадрид, односно вчерашната драма во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Тренерот на Јувентус не штедел комплименти за својот повозрасен сонародник Карло Анчелоти, истакнувајќи ја и разликата во пристапот во однос на Пеп Гвардиола.

– Му честитам на Анчелоти бидејќи направи нешто фантастично, среќен сум за него бидејќи досега беше многу критикуван.

– Луѓето велат дека не практикувал модерен фудбал, но модата поминува, а класиката останува, – рекол Алегри алудирајќи на постојаните споредби на стилот на Гвардиола со другите тренери.

– За Карло сигурно е големо задоволство да освои титула во пет земји, а сега може да дојде до четврта титула во Лигата на шампионите, мора да му се честита за тоа, – вели тренерот на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни