Поврзете се со нас

Италија

Алегри во елемент: Интер се крадци, а ние полицајци

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Масимилијано Алегри мораше да биде задоволен од изданието на својот Јувентус против Сасуоло, натпревар на кој тимот од Торино врза шеста победа во низа во сите натпреварувања.

Јуве предводен од Влаховиќ славеше со 3:0 и повторно дојде на само минус два од лидерот на табелата Интер, по што Макс во свој препознатлив стил даде коментар за шампионската трка со ривалот од Милано.

Алегри не дава некое посебно значење на Скудетото во оваа фаза од сезоната, па иако вели дека првична цел му е пласман во Лигата на шампионите, даде свој коментар и за потерата која ја има Јувентус за првото место.

– Трката меѓу нас и Интер е трка како меѓу зајак и ловец. Ако гледате зајак кој бега, тогаш знаете дека има ловец позади него, очигледно некој го брка.

– Тоа исто како крадци и полицајци. Крадците бегаат, а полицајците ги бркаат. Не гледаме подалеку од следниот меч. Не чека дуел со Лече, тоа е тежок терен и ќе се обидеме да освоиме три бода. Сега сме на 16 бода од петтото место на табелата и тоа е најважно за нас. Целта е иста, одиме меч по меч, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни