Поврзете се со нас

Италија

Алегри телефонски стапил во контакт со стариот познаник за нова соработка во Торино

Објавено

на

Масимилијано Алегри на својата официјална промоција во Јувентус испрати низа директни пораки, но имаше и една индиректна која многумина ја протолкуваа на идентичен начин.

Повратникот на клупата на Јувентус ќе ја започне својата втора етапа во Торино, пред која побара далеку поголема одговорност од играчи како Роналдо и Дибала, но најави и едно засилување кое според сите проценки и прогнози, треба да биде Миралем Пјаниќ.

– Набрзо треба да ни се приклучи одличен деснак кој шутира извонредни слободни удари, – изјави Алегри на промоцијата пред претседателот Ањели, а според последните пишувања од Италија, тој сега и телефонски стапил во контакт со Босанецот.

По само една сезона во Барселона, Пјаниќ со нетрпение чека разрешница и да си ги спакува куферите, откако не доби никаква шанса од тренерот Роналд Куман кој пак доби доверба од раководството на клубот.

„Тутоспорт“ денеска информира дека италијанскиот тактичар му се јавил директно на стариот познаник и му порачал дека со отворени раце го чека во Торино, но во ситуација кога Барселона е подготвена да се ослободи од него, Босанецот ќе мора да направи една корекција.

Јувентус во ниту еден случај не сака да му обезбеди плата од 9 милиони евра кои си ги осигура во Барселона, па во овој момент се преговара околу деталите за намалување на годишните примања на искусниот играч за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни