Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Среќен сум со нашата позиција, најважно е што Милан…

Објавено

на

Екипата на Јувентус одигра еден од најлошите натпревари во оваа сезона, но со позитивен резултат, реми се врати од дербито против Милан (0-0).

Поранешниот италијански шампион не упати ниту еден директен удар во рамките од голот на „росонерите“ што е навистина разочарувачки, но тренерот Масимилијано Алегри и во ваквата партија виде нешто позитивно, па дури и се почеува дека можеби е подобро асистентот Ландучи да го води тимот со оглед на ефикасноста на составот во тие средби.

-Можеби треба да го ставиме Ландучи на клупата, затоа што никогаш не постигнуваме четири гола кога сум таму! Можеби јас сум проблемот, -се пошегува Макс.

-Останува фактот, не смееме да станеме дрски, бидејќи тогаш се движиме помалку, трчаме побавно и не можеме тоа да си го дозволиме. Со оглед на тоа како ја започнавме сезоната, многу сум среќен што сум на оваа позиција и ќе видиме што ќе се случи во февруари.

-Ова беше еден од оние натпревари каде што се може да се случи. Го задржавме Милан на седум бода и тоа е најважното, -рече Алегри кој изненади со оваа изјава со оглед на тоа што Јувентус со години доминираше во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни