Поврзете се со нас

Италија

Алегри со порака до Влаховиќ: Мора да се смири…

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус дојде до посакуваниот резултат, трите бода на гостувањето кај Фрозиноне (2-1), победа со која го задржа чекорот со Интер кога е во прашање врвот во Серија А.

Фаворитот дојде до триумфот во самата завршница и тоа со погодокот на напаѓачот Душан Влаховиќ во 81 минута. Србинот изненадувачки не се најде во почетната постава на „бјанконерите“, ама она што е најважно се појави која беше најпотребно и донесе три значајни поени.

-Имав голема желба да победиме и му помогнам на тимот, да ги израдувам навивачите. Сигурно не е лесно за напаѓачот кога не постигнува голови или не го прави тоа постојано. Ама јас останав мирен. Работам секој ден за да му помогнам на тимот. Се надевам дека ќе помогнам уште повеќе.

-Сигурно не ми беше лесно да ја прифатам одлуката на тренерот, го почитував неговиот избор. Оние кои влегуваат како замени се исто толку важни како и оние кои играат од самиот почеток. Не бев лут, знаев дека можам да одлучам од клупата, па бев мирен. Нема никакви проблеми, -рече Влаховиќ.

Порака до напаѓачот испрати тренерот Макс Алегри.

-Одигра три добри натпревари, но беше критикуван, па мораше да се смири. Тој многу помогна во последните минути. Знае дека мора да се подобри, особено на ментално ниво. Играше добро кога влезе во игра, -порача тренерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни