Поврзете се со нас

Италија

Алегри со одговор за поплаките од Интер: Ние од Јувентус сме џентлмени, не зборуваме за судии

Објавено

на

Јувентус ја оствари зацртаната цел и успеа да победи на гостувањето во Милано кај Интер, но начинот на кој го направи тоа предизвика многу реакции во Италија, особено од таборот на домашниот тим.

Погодокот на Србинот Костиќ направи главна разлика на големото италијанско дерби, но во зачетокот на акцијата, имаше сомнително движење со рака на Адриен Рабио, кое според домаќините беше очигледно за да се поправи ситуацијата со ВАР.

Судијата Кифи четири минути го прегледуваше спорниот момент и не пронајде агол кој гарантира играње со рака, па погодокот остана регуларен и Јуве ги освои трите бода.

Ваквиот расплет предизвика големо незадоволство во Интер и тренерот Инѕаги не го криеше бесот, но од друга страна Макс Алегри нагласи дека не планира да зборува за судиски одлуки, исто како што правеше и кога Јувентус беше оштетен во неколку наврати.

– Немој да ме лутите. Одлуката на судиите мора да бидат прифатени, без разлика дали одат во еден, или друг правец. Не направивме ништо по хаосот со Салернитата, претходно во сезоната против Интер ни беше поништен гол за кој никој не можеше да потврди дали имаше рака. Јуве е џентлмен во поглед на судиите, не зборуваме за тоа. Да зборуваме за фудбал, а не за судиите, – изјави Алегри кој не го дочека крајот на дерби и предвреме си замина во соблекувалната, па така не виде дека Паредес и Деамброзио заработија црвени картони.

– Пред крајот на мечот, сфатив дека веќе не сум им потребен на играчите. Бев иритиран од тоа што го гледам, па решив да си одам наместо да добијам црвен картон. Оставив се во рацете на играчите, тие знаат што прават и се одговорни за своите постапки, – додаде Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни