Италија
Алегри со чуден коментар кога беше запрашан за ангажманот на Погба: Кој е тој?

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри даде неочекуван и помалку чуден одговор на прашањето дали клубот ќе го ангажира Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
Францускиот фудбалер од средниот ред наскоро ќе остане без договор и веќе преговара со неколку клубови каде би можел да ја продолжи кариерата.
Според медиумите, еден од клубовите е токму и Јувентус кој сака да го види играчот во своите редови.
Алегри на прашањето дали медиумските написи се вистинити се реши да се пошегува и да праша кој всушност е Погба.
– Погба? Кој е Погба? Не го знам. Дали тоа можеби е некој англиски збор?, -се пошегува Алегри со новинарите, а потоа продолжи во ист стил:
– Заборавив на Пол Погба, поминаа премногу години, -заврши стратегот на Јувентус.
-
Англијапред 18 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 10 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 19 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 10 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 17 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 18 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски