Поврзете се со нас

Италија

Алегри со четири засилувања за дербито со Интер: Со сите сили одиме во Милано

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Масимилијано Алегри доби две засилувања на крајот од зимскиот преоден рок, но за натперварот против Интер ќе има две дополнителни засилувања во вид на двајца повратници во првиот тим.

Пред големото дерби со Интер, тренерот на Јувентус нагласи дека утрешниот меч во Милано нема да биде клучен за титулата, но посочи дека со сите сили заминуваат на дуел со главниот конкурент за трофејот.

– Одиме со сите сили во Милано. Ги опоравивме Киеза и Рабио, а тука се и двајцата нови играчи. Џало малку заостанува, Алкарас денеска ќе го има првиот тренинг со тимот, но сите заедно одиме со сите сили во Милано.

– Очекувам фантастичен меч против Интер, сите знаеме против каков силен тим играме. Тие се многу добри, тоа ќе биде важен дуел, но не е клучен. Има уште многу бодови до крајот на сезоната после овој натпревар и нашата цел останува Лигата на шампионите.

– Денеска ќе одлучам дали Киеза ќе биде стартер, за нас најважна вест е што сите се подготвени за натпревар. Не треба да се фокусираме во целост само на овој меч, ќе не чекаат две полуфиналиња во Копа Италија и ќе има уште многу натпревари во домашното првенство. На утрешниот меч гледаме како добра транзиција за крајот на сезоната, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни