Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Сите мислат дека сме аутсајдери во финалето

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Juventus

Јувентус заборави да победува во Серија А и со пет реми средби во низа обезбеди пласман во Лигата на шампионите, односно и математички го обезбеди четвртото место на табелата.

Тимот на Масимилијано Алегри доживеа сериозен пад во последните три месеци од сезоната и на крајот ја оствари најважната цел, но сега ќе игра и големо финале во Купот кое може да донесе и титула за „старата дама“.

Финалето против Аталанта е на програмата утре, а интересно италијанската јавност смета дека Јувентус во дуелот влегува како аутсајдер.

– Фудбалот е прекрасна игра, во еден момент се може да биде против вас, но може и да се сврти на ваша страна. Во овој момент, сите мислат дека Аталанта е фаворит, а ние аутсајдери.

– Утрешното може да биде наше последно финале и треба да влеземе со таа помисла. Ќе треба да бидеме јасни во нашите намери, да бидеме смирени и концентрирани, на крајот ќе победи подобриот тим. Без разлика кој ќе биде тоа, на крајот ќе се ракуваме, – изјави Алегри.

Јувентус не освои ниту една титулата во последните две години, па доколку не слави утре, ризикува да заврши и трета сезона без освоен трофеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни