Италија
Алегри: Реалноста вели дека ние сме втор најдобар тим на теренот

Утре на програмата е големото италијанско дерби меѓу Интер и Јувентус во Серија А, на кое домашниот тим влегува како второпласиран на табелата, а гостите од Торино како седми во поредокот.
Причина за тоа е казната од 15 бода која ја доби „старата дама“, која сепак верува дека ќе истера правда на суд и дека истата ќе биде повлечена до крајот на сезоната.
Во тоа се надева и Масимилијано Алегри, кој калкулациите на табелата ги прави според освоените бодови, кои велат дека Јувентус со 53 би бил втор доколку не беше активирана казната поради финансискиот скандал на крајот од минатата година.
– Конечната одлука за нашиот спор ќе ја знаеме на 19-ти април. Дотогаш, се уште сме во игра во Лигата на Европа и во Копа Италија. Исто така, имаме обврски и во Серија А, треба да мислиме на утрешниот меч.
– Ние мора да го одбраниме второто место кое е наше според бодовите кои ги имаме освоено (53). Досега освовиме три бода повеќе од Интер, пет повеќе од Милан, четири повеќе од Лацио и шест од Рома. Ако на крајот на сезоната бидеме шести или седми поради санкцијата, тоа ќе значи дека сезоната не била добра за нас. Она што ние го остваривме на теренот, е второто место. Тоа треба да го одбраниме, без оглед на одлуката, – изјави Алегри.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 12 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 20 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 23 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец
-
Светпред 12 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……