Поврзете се со нас

Италија

Алегри призна дека направил грешка на дербито со Милан

Објавено

на

Јувентус и натаму е без победа во актуелната сезона на Серија А, а тренерот Макс Алегри имаше многу забелешки за своите фудбалери по ремито со Милан.

Искусниот тренер смета дека Јувентус морал да го одбрани минималното водство во финишот, а наместо тоа на крајот можел и да го загуби натпреварот.

Алегри призна дека и тој направил една грешка за време на средбата.

– Признавам дека направив грешки со замените, требаше да уфрлам подефанзивни фудбалери и да го затвориме натпреварот со тие 1:0, – изјавил тренерот на Јувентус, кој пред израмнувачкиот гол на противникот ги уфрли во игра Кеан и Киеза.

– Знам дека луѓето сакаат да зборуваат за формации, но кога имаш водство на 15 минути до крајот и противникот нема шанси, системот е неважен. Може да бидете неорганизирани, но мора да бидете посветени. Ако се однесуваме вака, тешко дека може да се надеваме на трофе, – вели Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни