Поврзете се со нас

Италија

Алегри притиска за продолжување на договорот со „отпишан“ фудбалер

Објавено

на

Foto: twitter.com/juventusfcen

Јувентус не ја започна сезоната на најпосакуван начин и има големо заостанување зад актуелните лидери, но тренерот Макс Алегри е убеден дека се уште има време за подобрување на впечатокот и враќање во битката за скудетото.

Клубот од Торино има проблеми со повредите, а еден од играчите кои се врати по пауза од неколку недели е Адриан Рабио, за кого Алегри делеше комплименти и по триумфот над Болоња.

Зборовите на тренерот не се случајни и станува јасно дека тој е голем фан на Французинот, кој пак беше „отпишан“ последниот преоден рок и само детали го спречија да стане нов играч на Манчестер Јунајтед.

Рабио остана во Јувентус да ја одработи последната година од договорот, но сега Алегри инсистира да остане и прави притисок кај раководството да биде постигнат договор за продолжување на соработката.

Французинот заработува 7 милиони евра по сезона и веројатно Јувентус би го задржал само со иста или поголема плата, бидејќи финансиски не може да им парира на премиерлигашите или клуб како ПСЖ, за кого се шпекулира дека е заинтересиран играчот со кого ја заврши соработката во 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни