Поврзете се со нас

Лига Европа

Алегри: Правевме многу грешки, но заслужено постигнавме гол

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус со доста мака остана непоразен во дуелот против Севилја во рамките на полуфиналето на Лига Европа.

Домаќините беа пред пораз на дуелот во Торино, но во 97 минута по „акцијата“ на резервистите Погба и Гати дојде до гол за конечни 1-1 и многу подобар резултат пред реваншот на „Рамон Санчез Писхуан“.

-Игравме добро и пред голот. Добро се движевме, ама правевме многу грешки пред шестнаесетникот. По една таква бевме фатени во контранапад. Сепак момците добро се бореа, останавме мирни, не ја губивме главата и заслужено дадовме гол. Не заборавајте, Севилја е многу искусен тим. Против Манчестер Јунајтед губеше со 2:0, па стигна до 2:2. Сега успеавме да избегнеме пораз, -порача тренерот Масимилијано Алегри.

Втората средба во Шпанија е закажана за 18 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни