Поврзете се со нас

Италија

Алегри потврди отсуство на двајца важни играчи на Јувентус за дуелот со Лече

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус не учествува на годинешното издание на италијанскиот Суперкуп и викендов има обврски во домашното првенство, а тренерот Макс Алегри го подготвува тимот за гостувањето кај Лече.

„Бјанконерите“ се во добра серија и со евентуална победа, барем привремено можат да се искачат на првото место на табелата, но Лече е противник кој знае да одигра квалитетно пред своите фанови.

Дополнителен проблем за Алегри е фактот што утре нема да смета на Федерико Киеза и Адријан Рабио, двајца важни играчи кои веројатно ќе беа и стартери, но сега ќе останат во Торино.

Тренерот истакнал дека двајцата фудбалери се пожалиле на повреди и тоа е причината што ќе го скокнат гостувањето на „Виа дел Маре“, додека во комбинација се враќаат МекКени и Гати, кои беа суспендирани за пресметката со Сасуоло. Алегри го добил вообичаеното прашање во односно на стартниот состав, а поврзано со тоа дали младиот Кенан Јилдиз повторно ќе игра од првата минута.

– Останавме со тројца офанзивни фудбалери, што значи дека двајца ќе играат од почеток. Милик исто така игра во одлична форма, па без разлика кој ќе започне, замената ќе биде подеднакво важна, – рекол Алегри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни