Поврзете се со нас

Италија

Алегри потврди дека уште еден играч од средниот ред би можел да си оди од Јуве: Затоа не е во составот

Објавено

на

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека уште еден играч од средниот ред на клубот би можел да си замине во летниот преоден рок.

Веќе е извесно дека Адриен Рабио ќе го замени дресот на „старата дама“ со оној на Манчестер Јунајтед, а по него клубот ќе го напушти уште еден играч.

Станува збор за Артур Мело, неуспешното засилување од Барселона кој нема да биде во составот на Јувентус за воведниот натпревар од сезоната против Сасуоло.

– Не го вклучивме Артур Мело во составот затоа што има јасни трансфер шпекулации за неговата иднина, а плус тоа не е ни 100% подготвен, -изјави Алегри.

За Артур има интерес од тимот на Валенсија, но во моментов ништо не било договорено.

Веднаш штом Рабио и Артур заминат од клубот, од Јувентус ќе го ангажираат Леандро Паредес од ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни