Поврзете се со нас

Италија

Алегри потврди дека Јувентус нема да смета на две големи офанзивни ѕвезди на дербито со Торино

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Торино е следниот противник на Јувентус, а „бјанконерите“ ќе мора да го одиграат ова градско дерби без двајца многу важни фудбалери.

Душан Влаховиќ ќе отсуствува втор натпревар по ред, откако претходно не настапи и на дербито со Аталанта, а за утрешниот дуел во комбинација нема да биде ниту Федерико Киеза.

Италијанскиот репрезентативец играше во одлична форма од почетокот на сезоната, но стручниот штаб решил да му даде одмор по одредени болки кои ги почувствувал на тренинзите.

– Киеза и Влаховиќ нема да играат, но екипата се чувствува добро.

– Сите освен нив двајца се во комбинација, во нападот ќе ги имаме Кеан, Милик и Јилдиз. Рабио исто така може да постигнува голови, Кеан се чувствува добро и утре ќе биде во првиот тим.

– Никогаш не е лесно да се игра со Торино, тимот на Јуриќ е одлично подготвен и мора да бидеме подготвени за жестока битка, – рекол Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни