Италија
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат

Јувентус го одбрани домашниот терен и славеше над Лацио со 1-0, победа со која обезбеди пласман во полуфиналето на Копа Италија каде ќе ги одмери силите со лутиот ривал Интер.
Погодокот на дефанзивецот Бремер во завршницата на првото полувреме се покажа како доволен за славје на „бјанконерите“ кои во последно време влегоа во една мини криза во која добија и лоша вест, санкција од 15 поени во Серија А.
Овој триумф треба да донесе позитивна енергија, кревање на самодовербата и според тренерот Масимилијано Алегри треба да биде добра основа за подобри резултати.
-Одигравме добро, особено во првото полувреме. Лацио ја имаше топката повеќе во второто полувреме, ама многу малку им дозволивме. Најважен беше ставот кој во немавме во првиот дел во мечот против Монца. Примивме голови кои можевме да ги избегнеме и очигледно научивме лекција.
-Овие се одлични луѓе, одговорни луѓе кои знаат дека духот, ставот е исто толку важен како тактиката и технологијата. Бевме организирани, игравме со трпение и одолеавме на силниот пресинг на Лацио. Секогаш е тешко да се игра против нив, особено се опасни кога брзо ја движат топката. Успеавме да ги забавиме, единствениот силен играч во воздухот им е Милинковиќ-Савиќ кого добро го браневме, -истакна Алегри.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……