Италија
Алегри поднел оставка во Јувентус по потресот кој го предизвика Ањели, но бил премислен од Елкан

Масимилијано Алегри ја даде првата изјава откако стана јасно дека Андреа Ањели се повлекува од претседателската функција во Јувентус, одлука која донесе огромен потрес во Торино поради фактот што тоа повлече со себе уште неколку оставки.
Од најзначајните за издвојување се оние на Павел Недвед и Маурицио Аривабене, но оваа низа немала да сопре тука доколку не реагирал Џон Елкан, највлијателниот менаџер во компанијата која има мнозински пакет акции во Јувентус и Ферари.
Макс Алегри и спортскиот координатор Федерико Черубини заеднички ја доставиле оставката до раководството на клубот, но истата им била одбиена, со образложение дека тие остануваат многу важни за проектот во овие тешки времиња.
„Газета“ во својата ексклузива открива дека појаснувањето дошло токму од Џон Елкан, кој сега ќе има турбулентен период пред себе во кој ќе треба да изгради цел нов Управен одбор во кој ќе има доверба.
– Секогаш е многу позитивно да се чувствува блискоста од важните акционери и затоа му благодарам на Џон Елкан за овие зборови, – изјави Алегри откако бил разубеден во намерата да си замине од првиот тим.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“