Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алегри: Ова е најважниот меч за Јувентус во ЛШ

Објавено

на

Екипата на Јувентус доживеа два порази во првите два натпревари во Лигата на шампионите, па утрешниот меч против Макаби Хаифа е од исклучителна важност за калчолигашот.

Тоа многу добро го знае го знае тренерот Масимилијано Алегри кој директно порача дека оваа средба е најважната за Јуве во елитното натпреварување.

-Мора да победиме, но не ни треба да бидеме вознемирени. Натпреварите се долги и не треба премногу да направивме како против Болоња. Еден меч не ги решава сите проблеми. Се надеваме утре ќе победиме.

-Нема да биде лесно, Макаби одигра добро во Лисабон и одигра израмнет меч со ПСЖ. Тие притискаат високо и ќе биде тешко, мораме да ги почитуваме. Бескорисно е да размислуваме за другите тимови ако не ги добиеме двата натпревари против Макаби. Утре е нашиот најважен натпревар во Лигата на шампионите, -истакна Алегри кој најави дека ќе има ротации во екипата.

-Сигурно нешто ќе промениме. Имаме напоред распоред. Речиси сите се вратија за да можам да ротирам и за време на натпреварот. Морам да одлучам за составот, но најважно е да бидеме уште подобри од неделата, во напад и во одбрана, -порача предводникот на „бјанконерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни