Поврзете се со нас

Италија

Алегри откри какво мислење има за Јувентус по болниот крај во Торино

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Масимилијано Алегри на доста непријатен начин си замина од Јувентус, или практично заработи отказ од клубот во финишот од ланската сезона, откако искусниот стручњак остави и доста лоша слика по освоената титула во Копа Италија.

Тоа беа доволно добри аргументи за Јувентус да му врачи предвремен отказ кој подолго време беше најавуван во јавноста, но и покрај ваквиот исход, Макс сега тврди дека нема „зла крв“ и дека нема лоши мисли за неговиот последен клуб во кој одработи две етапи.

– Џунтоли не е виновен за моето заминување од Јувентус. Имам солидна врска со мојот поранешен клуб и им посакувам се најдобро во иднина, – кратко и јасно изјавил Алегри во сатиричната телевизија „Striscia La Notizia“ која се емитува во Италија.

– Откако сум надвор од редовни обврски, многу ретко гледам фудбал. Во последно време, најмногу уживам во тенисот. Навистина се забавувам додека го гледам Јаник Синер. Тој е фантастичен играч и извонредно момче, – вели Алегри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни