Поврзете се со нас

Италија

Алегри откри дека еден играч на Јувентус се плаши од авиони: Ќе беше подобро ако Влаховиќ не му го украдеше голот

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус доби голема придобивка од тоа што не игра во Европа и мирната подготовка за секој нов предизвик во Серија А му даде едно ново лице на тимот, кој оваа сезона се бори за титулата во домашното првенство.

Јуве играше навистина неатрактивно минатата сезона и на крајот поради суспензијата остана и без топ четири пласман, но сега работите драстично се променија и составот на Макс Алегри изгледа навистина сплотено и добро.

Тимот од Торино вчера славеше на гостувањето кај Лече со 0:3 и изби на првото место на табелата, а играч на мечот беше Душан Влаховиќ кој постигна два гола.

Првиот беше карактеристичен погодок за еден врвен напаѓач, додека вториот беше еден од најлесните кои Србинот ги постигнал во својата кариера, бидјеќи всушност му го „украде“ голот кој требаше да го постигне МекКени.

Ударот со глава на Американецот одеше кон мрежата, но Влаховиќ ја допре топката на гол линијата и на крајот запиша нов погодок во Серија А.

– Ќе ви откријам нешто. МекКени се плаши од авиони и дојде со авион на овој меч. Планот е исто така да се врати со воз, па ќе беше подобро ако Влаховиќ не му го украдеше голот. МекКени расте како и сите останати во тимот. Кога се вратив во 2021-ва година, сите мислеа дека ќе победуваме веднаш, но ова е процес и полека го добиваме вистинското лице. Помош за тоа добивме и од Џунтоли, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни