Поврзете се со нас

Италија

Алегри не го пушта својот фудбалер во Арсенал: Мора да останеме со овие играчи

Објавено

на

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри нагласи дека не планира да го пушта својот играч да направи трансфер во Арсенал.

Станува збор за бразилскиот фудбалер од средниот ред, Артур, кој во последните неколку денови на големо се  поврзуваше со трансфер на „Емирејтс“.

Сепак, Алегри посочи дека нема да дозволи тој да си замине од клубот на сред сезона додавајќи дека сака да ја заврши оваа сезона со играчите кои ги има на располагање.

– Во врска со Артур, можам да кажам дека со овој состав на Јувентус, со овие играчи кои ги имаме мора да ја завршиме веќе започнатата сезона и тоа на најдобар можен начин. Имаме напредок и не планираме да ја дестабилизираме ситуацијата, -јасен беше Алегри.

Јувентус се поврзуваше и со ангажман на фудбалерот на Челси, Рубен Лофтус Чик, доколку сепак Артур си замине од клубот, а и за таа тема Алегри имаше одговор.

– Не сме зборувале за ова во клубот, знам само дека играчот игра доста редовнов о својот клуб, -заклучи Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни