Поврзете се со нас

Германија

Алегри на потесниот список кандидати за нов тренер на Баерн Минхен

Објавено

на

Раководството на Баерн Минхен веќе е во потрага по нов тренер, кој ќе го наследи Ханси Флик, актуелниот шеф на стручниот штаб кој веќе решил да замине по крајот на сезоната.

Се споменуваа повеќе имиња, меѓу кои и тоа на младиот Јулијан Нагелсман, но во игра очигледно е и Масимилијано Алегри.

Италијанецот е без клуб втора сезона откако се раздели со Јувентус, а неговите трофеи и искуство можат да бидат пресудни во обидот да го преземе германскиот великан.

Алегри веќе најави дека сака да се врати на тренерската работа, бидејќи доволно време бил на одмор, но факт е дека и тој има одредени услови за да прифати ангажман.

Флик заминува по различните ставови со Хасан Салихамиџиќ и други членови на раководството во однос на клупската и трансфер стратегијата, а тоа веројатно ќе биде потврдено наредниот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни