Алегри му заблагодари на Пјаниќ што се повреди

Alegri-Pjanic

Јувентус ја победи Сампдорија со убедливи 3:0, но текот на играта се промени откако Даглас Коста влезе како замена за повредениот Миралем Пјаниќ пред крајот на полувремето.

До крајот на средбата, Бразилецот имаше три асистенции, а принудната замена индиректно му помогна на домаќинот да ги освои бодовите. По средбата, тренерот Макс Алегри на шега му се заблагодари на Пјаниќ.

– Треба да му се заблагодарам на Пјаниќ бидејќи неговата повреда ме натера да ја направам замената. Одигравме фокусирано и интелигентно, а Пјаниќ го направи останатото. Се пожали на истегнување и најдобро беше да ја напушти играта.

– Даглас Коста сигурно ќе влезеше во игра, не толку рано, но сепак беше дел од планот. Сампдорија се бранеше во средината на теренот и моравме да ги развлечеме по крилните позиции, – потенцирал Алегри.

Facebook Коментари