Поврзете се со нас

Италија

Алегри му одржа лекција на бесниот Мората, па излезе со објаснување за инцидентот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/chirichampions

Јувентус одигра еден од најдобрите и најдоминантните натпревари од стартот на сезоната, бидејќи вечерва не дозволи ниту еден шут кон голот на Шчесни во комотната победа од 2:0 над Џенова.

Масимилијано Алегри можеше да биде задоволен од изданието на своите фудбалери, но не и од реакцијата на Алваро Мората кој беше повлечен од игра во 72-та минута.

Шпанецот воопшто не ја прифати добро одлуката на тренерот, по што Макс му држеше лекција на напаѓачот пред овој да седне на клупата на резерви.

После ова, следеше голот на Дибала за 2:0, а по средбата, Алегри објасни зошто го извадил нервозниот Шпанец.

– Доби жолт картон, а тој продолжи да се расправа, па се расправаше и со мене. Поради тоа решив да го извадам. На крајот, за него ова е разочарувачки. Одигра добар меч како целиот тим, но мораше да заврши порано од другите, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни