Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Му испратив порака на Погба по изречената казна

Објавено

на

Пол Погба ја дозна казната од анти-допинг комисијата и официјално му беше изречена најстрога казна која може да ја добие еден фудбалер, или поточно, доби забрана за учество на фудбалски активности во период од четири години.

Големата француска ѕвезда го доби најтешкиот удар во својата играчка кариера која беше исполената со многу подеми и падови, па иако најави жалба на повисока спортска инстанца, во најдобар случај неговата казна ќе биде преполовена и би бил во аут најмалку две години.

Погба најави дека ќе се бори до самиот крај и ќе се обиде да ја истера правдата во своја корист, но изречената казна дефинитивно му носи огромни загуби, од професионален, но и финансиски аспект.

Јувентус не го плаќа Погба веќе шест месеци и сигурно нема да го прави тоа и во иднина, а во период кога му е потребна било каква поддршка, добро за Пол е што зад себе го има Масимилијано Алегри.

Макс од прв момент сочувствува со Погба и се обидува да му даде поддршка на францускиот репрезентативец, на кого му испратил и порака по изречената казна пред два дена.

– Му испратив порака на Погба веднаш кога дознав за касната. Од човечки поглед, навистина ми е многу жал. Фудбалот губи неверојатен фудбалер, тешко е да се најдат играчи како него на фудбалската сцена, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни