Поврзете се со нас

Италија

Алегри конечно призна дека Јувентус е во трка за Скудетото: Нема ништо невозможно во фудбалот…

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус ги освои трите бода на гостувањето кај Лече со головите на Влаховиќ (2) и Бремер и на тој начин дојде до првото место на табелата во Серија А.

Влаховиќ човек на одлука, Јувентус ја презема лидерската позиција во Серија А (ВИДЕО)

„Старата дама“ има еден меч повеќе во однос на лутиот ривал Интер, меѓутоа сега притисокот е кај „нероѕурите“ кои ќе мора да го добијат дуелот од оваа рунда за да се вратат на лидерската позиција. Многупати досега тренерот Масимилијано Алегри не секаше да говори за Јувентус и Скудетото, поточно посочуваше дека главната цел е Топ 4 пласман за да сега конечно признае дека неговата екипа е во трка за пехарот.

-Нема ништо невозможно во фудбалот. Мора да го имаме тоа верување во нашите умови дека можеме да направиме нешто извонредно и да направиме навидум невозможното да стане возможно. Мораме да дадеме сè од себе, тогаш ако другите бидат подбро, вие ќе им честитате и аплаудирате за нивните напори. Овој став ве турка да ги надминете вашите граници и убедувањето станува фундаментално во животот.

-Важно за нас да стигнеме до дуелот со Интер (4 февруари) во оптимална физичка и психолошка состојба. Пред се сега сме на 19 бода разлика од петтото место, -истакна Алгери кој стана трет тренер со 300 победи во елитната италијанска фудбалска дивизија.

-Мило ми е што стигнав до 300 победи, можам само да им се заблагодарам на сите играчи со кои работев откако почнав во Серија А. Се сметам себеси за многу среќен, бидејќи работев со некои извонредни играчи и ми беше вистинско задоволство да ги гледам, -подвлече Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни