Поврзете се со нас

Италија

Алегри ќе ги решава проблемите на италијански великан

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Макс Алегри сезонава е без ангажман, но се чини дека наскоро повторно ќе се врати на тренерската сцена и тоа на клупата на италијански великан.

Откако го заврши вториот престој во редовите на Јувентус, Алегри е без обврски, но според италијанските медиуми тоа нема да потрае и тој наскоро се враќа во Серија А.

Алегри е прв избор на раководството на Милан за наследник на Серџо Консеисао, бидејќи во искусниот тренер е идентификуван стручњак кој му е потребен на тимот на „росонерите“ во ситуација кога треба да се реагира во комплицирана ситуација, а притоа да се задржат и амбициите за освојување трофеи.

Милан во моментов е сериозно оддалечен од местата кои водат во Лигата на шампионите, но се чини дека Консеисао ќе добие шанса да ја доврши сезоната, по што клубот ќе му заблагодари за соработката.

Потоа на сцена ќе стапи Алегри, кој фактички се враќа во клубот кој го водеше од 2010 до 2014 година, период во кој беше освоено и едно скудето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни