Поврзете се со нас

Италија

Алегри ја посочи причината за поразот од Наполи: Жал ми е што заминуваме со празни раце, но…

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус не успеа да оствари позитивен пораз во пресметката со актуелниот италијански шампион Наполи кој со гол во самата завршница дојде до победа од 2-1 на соочувањето на „Диего Армано Марадона“.

„Бјанконерите“ имаа свои можности во Неапол, успеаа да израмнат преку Киеза, меѓутоа на крајот останаа со празни раце, а тоа според тренерот Масимилијано Алегри се должи на младоста, неискуството на неговиот тим.

-Момците одиграа многу добро, имавме добри шанси за гол и не ги искористивме. Сето ова е дел од процесот. Ние сме во добра позиција, ни остануваат уште 11 натпревари за да ја оствариме нашата цел. Без Мекени и Рабио, Алкарас се снајде навистина добро во својот прв вистински натпревар. Мирети веќе има 60 натпревари, па е поискусен. Мислам дека Наполи немаше многу чисти шанси пред Шчезни, додека ние не ги искористивме нашите шанси максимално. Тврдоглаво се обидувавме да ја пробиеме средината наместо да се шириме по крилата. Жалиме што заминуваме со празни раце, но искуството од играње на ова ниво ја прави целата разлика. Требаше да бидеме повнимателни во одредени ситуации.

-Мислам дека тоа беше еден од најмладите стартни состави на Јувентус на сите времиња, а тоа значи дека ни оди добро. Нашата цел е да им помогнеме на овие млади играчи да растат за да бидат подготвени за следната сезона, -истакна Алегри кој поради жолти картони во следната рунда нема да може да смета на најдобриот напаѓач Душан Влаховиќ.

-Ова е фудбалот, има моменти кога работите одат како што треба и моменти кога среќата не е на ваша страна. Мора да работиме на деталите, без разлика на резултатите, а момците апсолутно не смеат да паднат. На добар пат сме да ја постигнеме нашата цел, -заклучи стратегот за кого Топ 4 пласманот е она што е зацртано за клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни