Италија
Алегри излезе со прва конкретна изјава откако се доведе во прашање кариерата на Погба

Јувентус го доби „Дерби дела моле“ против Торино и славеше благодарение на два гола кои ги постигна од прекин, што секако е големо олеснување за Макс Алегри кој едноставно се мачи да го извлече најдоброто од својот тим.
Јуве игра променливо и на стартот на новата сезона во која има доста проблеми со повредени фудбалери, но посебно неочекуван беше шокот кој настана со Пол Погба.
Во период кога се чинеше дека Алегри конечно ќе може да смета на оздравениот Французин, пристигна вест за позитивен допинг тест, кој вчера беше и официјализиран од страна на антидопинг агенцијата.
По позитнивниот втор примерок кој му беше направен, Погба треба да даде изјава во наредните седум дена, по што ќе се знае колку долго ќе паузира од фудбалските терени.
Дел од медиумите прогнозираат дека може да добие и четиригодишна казна, па ако се случи тоа, многу веројатно е дека ќе стави крај на кариерата.
– На приватен план и во човечка смисла, јас сум многу близок со Погба. Го знам уште од времето кога беше младо момче. Вистинска штета е за фудбалот што ќе загуби таков специјален играч на подолго време. Ова е многу тежок период за него и ние можеме да му посакаме само добри нешта, – изјави Алегри.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него