Поврзете се со нас

Италија

Алегри го прекина медиумскиот молк и проговори за играчот кој имаше најтешка сезона: Тој треба да биде пример за децата

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Масимилијано Алегри на доста неславен начин ја заврши својата работа во Јувентус и постојат големи шанси овој спор да заврши и на суд, бидејќи тренерот кој е роден во Ливорно смета дека клубот постапил доста неетички и му го нарушил угледот со соопштението кое го испрати во јавноста.

Десет дена по неговиот отказ, популарниот Макс го прекинал медиумскиот молк и за првпат дал изјава во јавноста, но тоа не било поврзано за неговиот отказ во Торино, туку за играчот кој мина низ вистинска голгота во Јувентус.

Алегри бил дел од видео конференцијата која ја одржал италијанскиот Олимписки комитет (КОНИ), а при своето обраќање посочил дека примерот на младиот Николо Фаџоли треба да послужи како добар пример за сите деца кои сакаат да станат професионалци.

Фаџоли доби осуммесечна забрана за играње фудбал поради прекршување на стриктното правило за обложување на спортски натпревари, па откако беше пратен и на едукација за одвикнување од коцкање, младиот играч се врати и ги одигра последните два меча во Серија А.

– Николо Фаџоли изоде многу важен пат заедно со Федерацијата. Излезе од мрачните води на најдобар можен начин и сфати дека може да послужи како пример за другите деца.

– Колку повеќе ги запознаваме младите, колку повеќе информации им даваме, толку е поголема веројатноста тие да водат добар живот. Ние тренерите треба да делуваме како референтна точка, мора да им помогнеме на децата кога им е потербна психолошка помош. Треба да ги учиме на вредности, дисциплина и почит, тоа ве држи подалеу од опасност и тоа за мене е клучно, – порачал Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни