Поврзете се со нас

Италија

Алегри го потврди отсуството на еден првотимец и најави кога ќе биде појасна борбата за скудетото

Објавено

на

Јувентус едвај стигна до првата победа сезонава во Серија А, а по триумфот над Специја, сега следува дуел со Сампдорија на домашен терен.

Домашниот тим се уште нема триумф на „Алијанц“ сезонава, па тренерот Макс Алегри посака тоа да се случи утре на дуелот со составот од Џенова.

Јувентус располага со речиси сите фудбалери, со исклучок на Адриен Рабио.

– Сите играчи се чувствуваат добро, освен Рабио кој заработи удар на зглобот и нема да биде повикан за оваа средба.

– Перин ќе стартува на голот, Бонучи ќе биде стартер во одбраната, мора да ротирам во средниот ред, а утре ќе одлучам дали ќе стартува Мората или Кеан, – изјавил Алегри.

Тој има свој став и за битката за скудетото.

– Ние загубивме многу бодови, сега треба да продолжиме без да ја гледаме табелата. Нека дојде ноември, па ќе видиме до каде сме и какви шанси имаме. За нас ова ќе биде дополнителна мотивација, – вели тренерот на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни