Поврзете се со нас

Италија

Алегри го посочи главниот фаворит за Скудетото, но нагласи: Не можат да не убијат толку рано!

Објавено

на

Масимилијано Алегри успеа да го пронајде вистинскиот пат по најлошиот старт во историјата на Јувентус во последните 60 години, такашто неговиот тим влезе во серија од седум победи и едно реми на последните осум меча во сите натпреварувања.

Со овој биланс и максимално подигната самодоверба, Јуве сега влегува во ново големо дерби во Серија А, овојпат во Милано против актуелниот бранител на титулата во Калчолигата.

Интер стави крај на деветгодишната доминација на Јувентус во Италија и минатата сезона под водство на Конте стига до трофејот, а според Алегри, актуелниот тим кој го води Инѕаги повторно е главен фаворит за Скудетото.

– Целта е да се намали негативата, но ќе видиме како ќе се одвива мечот утревечер. Се ќе зависи од тоа како ќе пристапиме. Не чека убава вечер, ќе има околу 60 илјади фанови и ќе има големи очекувања од сите кои ќе го гледаат мечот.

– Очекувам добар меч меѓу два одлични тима. За мене, постои еден фаворит за титулата и тоа се уште е Интер. Ова е одличен тест за нас против навистина силен тим. Сепак, Интер не може да не избрише од титулата, не може да не убијат толку рано. Титулата се решава во последните три месеци од сезоната. Кога ќе се погледне табелата, дербито против Рома беше поклучно за нас, – заврши Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни