Поврзете се со нас

Италија

Алегри го намалува притисокот врз играчот кој се расплака на клупата за резерви: Секој прави грешки во фудбалот

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус втор натпрвар по ред загуби во домашното првенство и ги разочара своите фанови со прикажаната игра, со тоа што вчера како трагичар се покажа момчето кое навистина дава се од себе на секој меч.

Младиот Николо Фаџоли катастрофално реагираше во дефанзивни услови и му ја подари топката на Дефрел, кој потоа прецизно биеше и го постигна единствениот гол на „Мапеи“ стадинот.

Веднаш по направената грешка, 22-годишниот Фаџоли беше повлечен од игра од тренерот Макс Алегри, кој подоцна на новинарите им открил дека нема никаква забелешка за младиот фудбалер.

На Фаџоли навистина многу тешко му падна киксот и се расплака на клупата за резерви кога беше повлечен, па мораше да биде тешен и од страна на поискусните фудбалери.

– Секој што игра фудбал, прави грешки. На секого може да му се случи грешка, Фаџоли не е виновен за нашиот пораз. Целиот тим не беше на потребниот стандард и вината е кај целиот тим, – порачал Алегри.

Фаџоли подари гол за триумф на противникот, па се расплака на клупата за резерви (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни