Алегри го издвои моментот на сезоната: Таквиот пристап ја прави главната разлика

alegri-stolica

Масимилијано Алегри ја одржа прес-конференцијата во пресрет на последниот меч кој ќе го одигра Јувентус оваа сезона, а истиот практично ќе значи и последен натпревар за Џанлуиџи Буфон во дресот на „старата дама“.

Повеќе од јасно е дека мечот со Верона ќе мине комплетно во знакот на Џиџи кој е заштитен знак за голот на Јувентус од 2001 година, а мора да се напомене дека Буфон навистина во голем стил ќе се збогува од фановите, односно со освоените титулу во домашното првенство и италијанскиот Куп.

Алегри во голем дел од обраќањето пред новинарите се обидуваше да објасни зошто Џиџи е најголемиот голман на сите времиња, но исто така го избра и моментот кој посебно му оставил впечаток оваа сезона од натпреварите на Јувентус. Популарниот Макс го издвои гостувањето во Лондон кај Тотенхем, меч во кој Јувентус успеа да покаже карактер и да направи пресврт за победа. Алегри ја посочи реакцијата на неговите играчи како момент на сезоната, бидејќи при негатива од 1:0 и во завршните минути, тимот неверојатно добро се бранел.

– Ставот кој го покажавме во Лондон, односно разликата која ја покажавме пред и после првиот гол. Начинот на кој момците нападнаа откако го постигнаа првиот гол ја прави разликата. Многу патевме на „Вембли“ и тоа ја прави главната разлика одредени епизоди да одат на наша страна, – вели Алегри.

Facebook Коментари